Загреб и Нексе би можеле да играат дури осум пати во мај!

Тимовите на Загреб и Нексе би можеле да одиграат дури осум меѓусебни натпревари и тоа по ред во месец мај.

Најпрво по репрезентативната пауза на 6 мај ги очекува вториот меч од хрватскиот плеј-оф за титула што ќе се игра на теренот на Нексе во Нашице.

Потоа би требало да се игра четвртфинален двомеч од СЕХА лигата, иако за овие натпревари се уште нема термини.

Доколку Нексе слави против Загреб (првиот меч го загуби) во вториот дуел од плеј-офот и освои два бода, тогаш ќе се играат уште најмалку два, а најмногу четири натревари до конечниот победник на хрватскиот шампионат.

Според пропозициите, се игра до 6 бода во меѓусебните пресметки, па ако биде 2-2, тогаш може да очекуваме уште четири меча. Доколку биде 6-6 во освоени бодови, се изведуваат пенали после последниот натпревар за да се добие првакот.

Покрај овие пресметки, двата тима би ги очекувала и пресметка на Ф4 во Купот на Хрватска, иако Нексе на 3 мај ќе се бори за место на завршниот турнир. Но со оглед на силите, се очекува и тимот од Нашице да биде на Ф4, па ако нема изненадувања двата тима ќе играат или полуфинале или финале.

Месец мај на хрватските љубители на ракометот, ќе им биде резервиран само за натпревари меѓу Загреб и Нексе.