СЕХА Ф4 2022: „Загреб е фаворит, ама Нексе нема да се предаде лесно“

Во првото полуфинале во регионалната СЕХА лига ќе се сретнат хрватските екипи Нексе и Загреб.

Тренерот на Нексе, Бранко Тамше, очекува тежок натпревар против Загреб во хрватскиот двобој.

„Завршниот турнир во СЕХА е на високо ниво, која напрви еден завршен турнир како што треба. Третпат сум овде. Убаво е чувството и среќен сум што сум овде. Бев со Целје и со Загреб. Беше интересен натпревар против Вардар, знаеме кој е Вардар на свој терен. Ние имавме договорен план на натпревари пред тој меч. Имавме долг пат до Скопје, потоа и назад. Среќни сме што дојдовме овде. Наше е да одиграме што подобро знаеме. На другата страна стои Загреб, кој се засили со искусни ракометари и сигурно дека е фаворит. Нашата идеја е да одиграме што поубав ракомет и сите љубители на ракометот да уживаат. Во 2019 бев на клупата на Загреб против Нексе во Брест. Беше интересен натпревар, тогаш победивме, бевме блиску и до триумф во финалето против Вардар, тогаш загубивме со еден или два разлика. Тогаш беше убава приказна со Загреб, се надевам дека и сега ќе биде со Нексе“, вели Тамше.

Средниот бек Јанко Кевиќ ја препушта фаворитската улога на „плинарите“.

„Голема е честа да се биде на овој турнир. Нексе веќе вторпат е овде, стекнуваме веќе искуство. Утре играме против Загреб, тим со кој игравме многу пати во последните шест месеци. Знаеме што не чека на спротивната страна и ќе дадеме се од себе за да биде еден одличен натпревар. Мислам дека Нексе е силен тим, имаме голем ростер, сите играат, имаме многу млади играчи кои се желни докажување и се надевам дека тоа ќе биде во иднина, односно ќе ни го дадат тој елан да бидеме се подобри. Сигурно Загреб е фаворит, но нема да се предадеме и да излеземе со бело знаме“, вели Кевиќ.

Нексе и Загреб ќе играат во првото полуфинале од завршниот турнир во Задар што ќе започне од 18:00 часот.