„Загреб доби место во ЛШ, но не поради тоа што Вардар беше исфрлен!“

Европската ракометна федерација денеска ги објави учесниците во Лигата на шампионите, а меѓу нив ќе биде и хрватскиот првак Загреб.

„Плинарите“ добија вајлд-карта, но во изјавата за „24 сата“, директорот Ведран Шупуковиќ, појаснува дека Загреб не влегува во ЛШ наместо исклучениот Вардар.

„Загреб не го доби своето место во ЛШ поради тоа што Вардар е исфрлен, нашиот статус нема никаква врска со нивната ситуација. Сакам да истакнам дека ракометниот клуб Загреб беше трет на евалуацијата на ЕХФ од можните 13 екипи кои се пријавија за вајлд-карта. Задоволни сме со таков исход, бидејќи свесни сме дека ЛШ се игра во се помалку држави. Оваа година имаме дури пет земји со по два претставници. Мислам дека заслужено ќе играме во ЛШ и верувам дека таквиот статус нема да биде под знак прашалник“, изјави Ведран Шупуковиќ, директорот на Загреб.

Шеширите ќе бидат објавени утре, а ждрепката ќе биде извршена на 1 јули во Виена.