Завчера играше против ЦСКА и Ристовска, вчера почина по падот од осми спрат!

Руската ракометна јавноста вчера ја потресе веста за трагедијата во која почина некогашната младинска репрезентативка Викторија Дивак.

Според пишувањата на „Известие“ и нивните извори се работи за несреќен случај, во која Дивак паднала од осми кат на зградата каде што живеела.

Добиените повреди биле тешки и таа починала на самото место на само неколку дена пред да го прослави својот 30 роденден.

Дивак беше членка на Астраханочка и завчера, на Велигден, го одигра својот последен натпревар во кариерата против ЦСКА Москва на Сара Ристовска и погоди два пати.

Освен за Астраханочка, Дивак играше и за Кубан Краснодар и Динамо Волгоград во Русија, додека на интернационално ниво го носеше дресот на Гомел од Белорусија, Нојштад од Германија и француски Ахенхајм Трустерхајм.

Со младинската репрезентација на Русија во 2009 година го освои златото на СП. На клупско ниво, со тимот на Динамо од Волгоград стана три пати шампион на Русија.

Руска ракометарка трагично го загуби животот на 29 години!