Завршниот турнир во Купот ќе се игра од 21 до 23 мај

Во текот на минатата сезона поради пандемијата со коронавирусот не се одиграа натпреварите од Купот на Македонија, но годинава нема да биде така.

Ракометната федерација ги одреди термините за елиминациите, четвртфиналните групи и завршниот турнир во Купот.

Елиминациските двобои ќе се одиграат на 24 и 25 февруари, а четвртфиналните групи ќе се играат на 31 март, односно 1 април.

Завршниот турнир оваа сезона е планиран од 21 до 23 мај во машка конкуренција, додека кај дамите ќе се одржи на 8 и 9 мај.