Заврши суспензијата поради допинг, Павичевиќ се враќа во Будуќност

Црногорскиот шампион Будуќност добива засилување на левата крилна позиција. Се работи за репрезентативката, Ивона Павичевиќ, која се враќа во својот матичен клуб, пишува „МНЕ Рукомет“.

Ланската сезона Павичевиќ играше во Корона Брашов од Романија, но во овој тим имаше допинг афера.

Сите ракометарки беа суспендирани поради користење на недозволена ласерска терапија, но на голем дел од нив им истекоа суспензиите.

Павичевиќ потпиша договор до крајот на тековната сезона, со опција да биде продолжен на уште една сезона доколку двете страни бидат задоволни од соработката.