Заврши есенскиот дел: Бутел Скопје, Алкалоид и Прилеп без загубен бод

На 1 декември, откако ќе се одигра еден заостанат натпревар меѓу Металург и Голден Арт, ќе заврши есенескиот дел од младинската лига во машка конкуренција.

Во групата А заврши уште пред две недели, а таму тимот на Алкалоид има максимален учинок и три победи на три меча.

Во групата Б, најмногу покажа Бутел Скопје, кој со исклучок на дуелот кај Борец сите други ги доби убедливо и се наоѓа на врвот на табелата.

Во групата В имаше интересни средби меѓу сите пет тима, а првото место на табелата е за Еурофарм Пелистер 2, кој имаше три победи во четирите дуели.

Во групата Г, најдобри изданија имаше составот на Прилеп, кој има максимален биланс и ги доби сите двобои убедливо.

Младинци, 5 коло, резултати:

Група А

табела:
1. Алкалоид 9
2. Скопје 6
3. Пролет 1
4. Вардар 1

Група Б
Борец – Металург 39-31
Бутел Скопје – Металург РА 30-23
Голден Арт – Јуниор КВ 23-32
01/12, 19:30 часот, Металург – Голден Арт

табела:
1. Бутел 15
2. Јуниор КВ 12
3. Борец 9
4. Металург РА 6
5. Металург 0
6. Голден Арт 0

Група В
Охрид – Еурофарм Пелистер 36-31
Струга – Енхалон 40-29
Еурофарм Пелистер 2 слоб.

табела:
1. Еурофарм Пелистер 2 9
2. Струга 6
3. Охрид 6
4. Еурофарм Пелистер 6
5. Енхалон 3

Група Г
Партизан Гевгелија – Радовиш 34-30
Младост Богданци – Тиквеш 34-20
Прилеп слоб.

табела:
1. Прилеп 12
2. Младост Богданци 6
3. Партизан Гевгелија 4
4. Тиквеш 4
5. Радовиш 3