Заблеска Кантегрел, се разигра и Чупиќ, но Вардар ќе се врати со пораз од Унгарија

Вардар одигра уште еден убав и интересен натпревар против Пик Сегед, но играта прикажана од 31. до 45. минута го остави шампионот на Македонија без бодови бидејќи тука се загуби многу, па на крајот поразот беше минимален од 33:34.

Првото полувреме со интересен тек во кој домашните имаа подобро отворање на средбата, додека вардарци до средината на полувремето се обидуваа да стигнат до предност. Тоа им успеа во 15. минута и тука тргнаа со диктирањето на темпото.

Од средината на првиот дел до крајот на првото полувреме тимот на Вардар беше тој ја имаше контролата и успеа да биде во предност од два гола. Пик Сегед неколкупати се враќаше и израмнуваше, но тоа не беше проблем Вардар да биде одново во позитива. Највисоките плус три ги имаше при 17:14, но на одмор замина со водство од 19:17.

Колку беше добро првото полувреме толку беше лош почетокот на вториот дел од натпреварот. Многу тешко се доаѓаше до позиција за шут, а противникот безмилосно казнуваше.

Првиот гол во вториот дел од средбата дојде на почетокот на седмата минута од второто полувреме. Во ова време домашните веќе имаа четири погодоци, па работите се менуваа. Кантегрел бранеше одлично и се обидуваше да го задржи Вардар во игра, па брзо дојде до 21:21.

Сепак, тука одново се влезе во лош период. Од 37. до 46. минута немаше одново гол, а ова беше предолго време во период од играта кога може да се одлучи победникот и беше искористено од Пик Сегед за убедливи 27:21.

Тука дојде конечно до будење на ракометарите на шампионот на Македонија за да се стигне до два гола негатива, 26:28.

Драмата почна во последните 3-4 минути откако Вардар стигна до гол негатива. 30:31. Меѓутоа на минута и пол до крајот Шеваљевиќ доби две минути, а Пик Сегед реализираше од седум метри. Тоа се случи за 33:31, но потоа Стоилов успеа иако беше под прекршок да погоди за гол негатива. Кашпарек реализираше за победа, а потоа Дибиров само за да ги постави конечните 34:33 за Пик Сегед.

18 февруари 2021
34 - 33
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
18 февруари 2021 20:19 ЛИГА НА ШАМПИОНИ А 2020/2021 18.02.2021 60'

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ПИК СЕГЕД1734Победа
ВАРДАР 19611933Пораз

ПИК СЕГЕД

# Играч Позиција Исклучување Голови
8Јонас Калманлево крило11
9Рихард Бодолев бек17
14Жоан Канељаслев бек02
15Ник Хенигманлев бек20
16Роланд Миклерголман00
17Богдан Радивојевиќдесно крило06
22Матеј Габерпивот03
24Марио Шоштариќдесно крило14
27Бенце Банхидипивот00
32Мирко Алиловиќголман00
37Станислав Кашпарекдесен бек05
42Мартин Страновскилево крило01
44Деан Бомбачцентрален бек15
45Миклош Ростапивот00
51Борут Мачковшеклев бек00
89Дмитри Житниковцентрален бек00
 Вкупно 634

ВАРДАР 1961

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Васко Шеваљевиќлев бек11
3Патрик Валчакпивот00
5Стојанче Стоиловпивот06
8Димитар Димитриоскилево крило00
9Гоце Георгиевскидесно крило02
15Кристијан Дисингерлев бек00
18Ловро Јотиќцентрален бек05
21Глеб Каларашпивот14
24Анте Гаџацентрален бек01
27Иван Чупиќдесно крило09
28Филип Талескилев бек00
31Тимур Дибировлево крило05
44Јосип Векиќдесен бек10
77Робин Кантегрелголман00
97Марко Мишевскилев бек00
98Марко Кизиќголман00
 Вкупно 333

Officials

Судии:
Јеспер Мадсен -Данска
Мадс Хансен -Данска

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА А

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1КИЛ14102222
2АЛБОРГ1483319
3ПСЖ ХЕНДБОЛ1481517
4КЕЛЦЕ1464416
5ППД ЗАГРЕБ1462614
6ПИК СЕГЕД1461713
7КОЛСТАД1451811
8ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1400140