Женските клубови добија четири места во Европа за следната сезона

Европската ракометна федерација ги објави ранкинзите на федерациите за трите европски натпреварувања. Во предвид при рангирањето се земени европските настапи во сезоните 2019/20, 2020/21 и 2021/22.

За разлика од мажите каде имаме едно место во ЛШ, две во ЛЕ и едно во Европскиот Куп, кај дамите имаме четири претставници, но од нив само еден е во ЛЕ, а три се во Европскиот Куп.

Во женската Лига на шампиони, Македонија нема претставник веќе четврта сезона, а следствено на тоа нема ниту ранкинг.

Во Лигата на Европа, нашата земја се најде на 23 место (1.00 коефициент) и ќе добие еден претставник во квалификациите.

Во Европскиот Куп, Македонија е рангирана на 14 место (9.00 коефициент) и ќе има три клуба што ќе играат во сезоната 2023/24.