ЖЕНСКА ЛИГА РАСПОРЕД, ГРУПА Б: Шампионот тргнува против Деспина, Металург го чека Овче Поле СУ

За новата сезона во Женската лига се пријавија 16 екипи, кои ќе бидат поделени во две групи и до крајот на годинава ќе одиграат по 14 кола.

Потоа екипите се делат на плеј-оф и плеј-аут напролет, кога ќе се играат по дополнителни осум кола со екипите од другата група.

Шампионот Ѓорче Петров се најде во групата Б, заедно со Металург, Стружанка, Деспина, Овче Поле Славјански Универзитет…

Првото коло од Женската лига ќе се игра на 10/11 септември.

Женска лига, сезона 2022/23:

Група Б: Ѓорче Петров, Металург, Стружанка, Деспина, Овче Поле СУ, Астибо, Феникс, Кузман Вардар