ЖЕНСКА ЛИГА РАСПОРЕД, ГРУПА А: Куманово стартува со дерби против Вардар, Скопје го чека Пелистер

За новата сезона во Женската лига се пријавија 16 екипи, кои ќе бидат поделени во две групи и до крајот на годинава ќе одиграат по 14 кола.

Потоа екипите се делат на плеј-оф и плеј-аут напролет, кога ќе се играат по дополнителни осум кола со екипите од другата група.

Во групата А ќе игра вицепрвакот Куманово, заедно со Вардар, Чаир, Пелистер…како и новиот тим Скопје.

Првото коло од Женската лига ќе се игра на 10/11 септември.

Женска лига, сезона 2022/23:

Група А: Куманово, Вардар, Чаир, Пелистер, Шампион, Гевгелија, Спартак, Скопје