Женска лига: Кумановки на тест во Струга

Ракометарките на Куманово кои се наоѓаат на лидерската позиција во Женската лига денеска ќе имаат тешка задача бидејќи треба да одговорат на тешка задача пред која ќе се најдат на гостувањето кај Стружанка. Секогаш незгодните стружанки ќе се обидат да ги запрат своите колешки од Куманово така што сигурно е дека ќе биде максимално возбудливо.

Според она што досега беше прикажано составот на Куманово треба да биде фаворит, но тоа ќе мора да се потврди и на теренот.

Денеска има уште интересни средби, а во продолжение е комплетниот распоред. Инаку, вчера беше одиграна еден натпревар од 15. коло на кој составот на Металург дојде до победа против екипата на ЖРК Алушовски.

ЖЕНСКА ЛИГА

ДВОЈКИ И РЕЗУЛТАТИ ОД 15. КОЛО

ЖРК АЛУШОВСКИ – МЕТАЛУРГ      17:63

Трајановска 7, Петковска 3, Георгиевска 2 – Тасевска 11, Граматова 8, Калајџиевска 8

САБОТА, 7 МАРТ

13:30ч

СТРУЖАНКА – КУМАНОВО

Сала: „Нико Нестор“ во Струга. Судии: Иво Ѓорѓиевски и Игор Наумовски од Скопје. Делегат: Камер Металари од Скопје.

14:30ч

КУЗМАН ВАРДАР ИЛИНДЕН – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

Сала: „Гоце Делчев“ (Илинден) во Скопје. Судии: Спаско и Глигор Ќаеви од Скопје. Делегат: Љупчо Јаневски од Скопје.

15:00ч

СПАРТАК – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ

Сала: „Круме Кепески“ во Скопје. Судии: Благоја Кимовски и Блаже Михајлов од Скопје. Делегат: Васил Зипевски од Гостивар.

19:30ч

ДЕСПИНА – ВАРДАР

Сала: Р. Р. Ричко во Прилеп. Судии: Ѓорѓи Чалдаров и Александар Груевски од Битола. Делегат: Александар Стефановски од Битола.

НЕДЕЛА, 8 МАРТ

14:00ч

ПЕЛИСТЕР 2012 – ЧАИР

Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Оливер Пауновски и Оливер Спироски од Струга. Делегат: Славчо Каланоски од Струга.

ГЕВГЕЛИЈА е слободна

ТАБЕЛА: 1. Куманово 39 бода (495:268); 2. Металург 39 (540:282); 3. Вардар 30 (455:279); 4. Стружанка 30 (397:310); 5. Чаир 27 (383:342); 6. Деспина 24 (326:357); 7. Пелистер 14 (345:388, -1 меч); 8. Спартак 14 (315:389); 9. Гевгелија 10 (305:393); 10. Ѓорче Петров 9 (271:392); 11. Овче Поле СУ 6 (289:384); 12. Кузман Вардар Илинден 6 (292:430); 13. Алушовски 4 (342:541).