Женска лига: Водечките на гостувања, но без право на кикс

Екипите на Металург, Вардар и Куманово денеска и утре се наоѓаат на гостувања, додека Чаир кој исто така има шест поени е слободен. Трите екипи кои денеска и утре ќе бидат гости во рамки на 3. коло од Женската лига ќе мора да одработат максимално за да успеат да стигнат до посакувнаото.

Според очекувањата Вардар е фаворит против Стружанка, Металург против Спартак, а Куманово против Кузман Вардар Илинден. Тука не би требало да има изненадувања според квалитетот на составите така што се очекува да нема поголеми проблеми и бодовите да дојдат за сите екипи кои се во горниот дел од табелата.

ЖЕНСКА ЛИГА

ДВОЈКИ ЗА 3. КОЛО

САБОТА, 5 ОКТОМВРИ

16:00ч

СТРУЖАНКА – ВАРДАР

Сала: „Нико Нестор“ во Струга. Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.

17:00ч

АЛУШОВСКИ – ГЕВГЕЛИЈА

Сала: „Форца“ во Скопје. Судии: Ѓорѓи Василевски од Скопје и Иван Јовановски од Штип. Делегат: Љупчо Јаневски од Скопје.

19:00ч

ДЕСПИНА – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ

Сала: Р. Р. Ричко во Прилеп. Судии: Александар Груевски и Ѓорѓи Чаларов од Битола. Делегат: Александар Стефановски од Битола.

НЕДЕЛА, 6 ОКТОМВРИ

13:00ч

СПАРТАК – МЕТАЛУРГ

Сала: „Круме Кепески“ во Скопје. Судии: Марија Илиева и Силвана Карбеска од Скопје. Делегат: Сашо Младенов од Скопје.

16:45ч

КУЗМАН ВАРДАР ИЛИНДЕН– КУМАНОВО

Сала: „Гоце Делчев“-Илинден во Скопје. Судии: Михаела Капсарева и Лејла Јашар од Скопје. Делегат: Митко Георгиевски од Скопје.

18:00ч

ПЕЛИСТЕР 2012 – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Никола Пауновски и Оливер Спироски од Струга. Делегат: Славчо Каланоски од Струга.

ЧАИР е слободен

ТАБЕЛА: 1. Металург 6 бода (87:16); 2. Вардар 6 (78:42); 3. Чаир 6 (72:47); 4. Куманово 6 (67:44); 5. Овче Поле СУ 3 (53:48); 6. Стружанка 3 (60:55); 7. Спартак 3 (50:54); 8. Ѓорче Петров 3 (46:62); 9. Пелистер 0 (28:37); 10. Кузман Вардар Илинден 0 (43:62); 11. Деспина 0 (40:76); 12. Гевгелија 0 (8:48).