„Жал ми е што ЕХФ не остави простор завршниот турнир да се игра во октомври“

Извршниот Комитет на Европската ракометна федерација донесе одлука да го откаже завршниот турнир во женската Лига на шампиони.

Таму требаше да играат осум екипи, меѓу кои и данскиот Есбјерг, а тренерот на екипата, Јеспер Јенсен жали што турнирот е откажан.

„Многу ни е жал што е донесено такво решени. Тоа ќе биде одлични натпревари за нас и најголемо достигнување во историјата на клубот. Ќе имаме и сериозен финансиски удар. Сега преовладуваат емоциите, но мислам дека ЕХФ можеше да остави простор завршниот турнир да се одигра во октомври. Нас ни претстоеше средба со Будуќност, но иако не бевме фаворит, сепак имавме шанси за место меѓу четирите најдобри“, вели Јенсен за ТВ2.

Откажувањето на завршниот турнир значи дека Европа нема да има шампион во женска конкуренција оваа сезона, а новата сезона е планирано да почне на 12 и 13 септември.