ЕХФ шампионат: Холандија броеше до 53 против Косово, Белорусија со голем пресврт до бодови

Денеска стартуваше ЕХФ шампионатот за младинки во Скопје, кој ќе трае до следниот викенд, а првото и второто место носат квалификации за СП што ќе се игра следната година.

Македонија беше убедлива на стартот и славеше против Босна и Херцеговина со 39-28, додека во вториот меч од групата Б, Холандија немаше милост за Косово и победи со 53-14.

Од групата А, Белорусија со голем пресврт и по минус шест гола негатива се врати за минимална победа над Исланд со 23-22.

Полска беше убедлива во вториот натпревар од групата А и триумфираше над Финска со 34-23, а победата беше обезбедна уште во првиот дел, кога беше 19-13.

ЕХФ шампионат, младинки, резултати:

Група А
Исланд – Белорусија 22-23
Полска – Финска 34-23

Група Б
Македонија – БиХ 39-28
Холандија – Косово 53-14
Фарски Острови сл.