ЕХФ шампионат младинци: Летонија убедлива против Бугарија, Грузија ја изненади Турција

Денеска во Варна (Бугарија) стартуваше првиот ЕХФ шампионат за ракометари до 20 години.

Македонската младинска селекција ќе биде дел од истото вакво натпреварување кое ќе стартува на 16 јули и ќе се игра до 24 јули.

На првите одиграни натпревари победа остварија репрезентациите на Холандија, Грузија, Летонија и Чешка.

Шампионите од ова натпреварување ќе обезбедат место на Светското првенство за младинци во Хрватска следната година.

ЕХФ шампионат 1, прво коло, резултати

Група А
Чешка – Финска 31:19 (13:10)
Летонија – Бугарија 32:26 (19:11)

Група Б
Турција – Грузија 28:35 (14:16)
Холандија – Словачка 32:31 (14:17)