ЕХФ шампионат: Возбудувања, драма, пенали…познати финалистите во Косово и Литванија

По одигрувањето на полуфиналните средби, познати се сите полуфиналисти на ЕХФ шампионатите за младинки.

На ЕХФ шампионатот во Приштина, Косово, во финалето место обезбедија Италија и Австрија, кои ги совладаа селекциите Полска и Словачка.

Италија во драматичен натпревар беше подобра од Полска со 24-23, додека Австрија иако губеше со 26-23, во последните пет минути направи херојски камбек и победи со 27-26.

На ЕХФ шампионат во Клаипеда, Литванија, во финалето ќе играат селекциите на Шпанија и Фарски Острови.

Шпанија немаше проблеми против домаќинот и победи убедливо 38-22, додека Фарски Острови ја изненади Словенија и победи по пеналите со 37-36.

Словенките водеа со 31-29, но дозволија ривалот да израмни и потоа преку ударите од седум метри да обезбеди финале.

Победниците од дуелите меѓу Италија и Австрија, односно Шпанија и Фарски Острови, ќе играат квалификации со Србија и Хрватска за место на СП 2024 во Македонија.