ЕХФ со ултиматум до Норвешка: За седум дена да се изјасни – ќе организира ЕП или не!

Дали Европското првенство за жени ќе се одржи во две земји, ќе биде познато најдоцна до следниот вторник, објави ЕХФ.

Протоколите на норвешката Влада за Ковид-19 оневозможуваат играње на спортските натпревари, со оглед на тоа што според нив само еден позитивен тест на корона, треба да ја елиминира цела репрезентаија, а тоа е катастрофална ситуација.

Норвешка се уште не му одговарила на ЕХФ дали тој протокол ќе биде променет и прилагоден за новата реалност, а тој одговор ќе го чекаат до вторник

Во Трондхајм е планирано да се играат две групи, и две во данскиот Хернинг, но доколку Норвешка се откаже од организација, веројатно цело ЕП ќе се одржи во Данска.