ЕХФ со специјална честитка за Стоилов: Легендарниот играч со две европски титули слави роденден! (ФОТО)

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов, денеска го прославува својот 33-ти роденден.

Покрај многубројните честитки од навивачите на „црвено-црните“ навивачи, за големиот борец стигна една и од европската куќа на ракометот.

ЕХФ на социјалните мрежи објави фотографија со Стоилов и со двата пехари освоени во 2017 и 2019 година.

Tој досега помина девет сезони во Вардар.