ЕХФ слави јубилеј и се сеќава – првиот клупски натпревар го одиграа Кометал ЃП и Локомотив

Европската ракометна федерација на 20 ноември слави 30 години од нејзиното основање кое се случи во Берлин

Првите официјални натпревари на ЕХФ се одиграа во септември 1992 година, а први настани кои беа организирани беа младинските првенства во машка и женска конкуренција. Први победници беа Норвежанките и Португалците.

Паралелно со натпреварувањата во репрезентативна конкуренција, во сезоната 1993/94 година започнаа и клупските натпреварувања. Првиот клупски натпревар се одигра на 25 август 1993 година во Скопје кога женската екипа на Кометал Ѓорче Петров ја победи екипата на Локоспорт Пловдив со 34:17.

Подоцна Кометал Ѓорче Петров стана и европски шампион во 2002 година и го постигна највисокиот успех на еден женски клуб од Македонија. Во 2017 година кога Вардар стана европски шампион, Скопје стана единствениот град со шампион во двете конкуренции.

Во машка конуренција во првата деценија од почетокот на натпреварувањето Барселона беше доминантна сила освојувајќи пет последователни титули во Лигата на шампионите од 1996 до 2000 година.