ЕХФ пресече: Нема европски ракомет до 12 април!

Европската ракометна федерација денеска објави дека сите натпревари од европските купови, како и репрезентативните натпревари од квалификациите за женското ЕП се одложени, односно нема да се одиграат пред 12 април.

ЕХФ, како што објави во соопштението, изминатите денови внимателно ја следела ситуација и заедно со федерациите и клубовите, одлучено е дека најдобро е да се одложат натпреварите поради ширењето на коронавирусот.

Станува збор за натпреварите од квалификациите за женското ЕП 2020 од третото и четвртото коло, потоа осминафиналните и четвртфиналните дуели од машката и женската Лига на шампиони, како и оние од ЕХФ Купот и Челинџ Купот во двете конкуренции.

Кои термини ќе бидат понудени како алтернативи останува да видиме во следниот период.