ЕХФ најави: Тимовите и репрезентациите од Украина и Русија ќе играат на неутрален терен

Екипите Украина и Русија коишто се дел од европските купови, како и репрезентациите на двете земји во следниот период своите натпревари нема да ги играат на домашен терен, а ЕХФ најави дека тие нивните дуели ќе ги играат на неутрален терен.

Веќе е објавено дека квалификациските дуели за ЕП 2022 во женска конкуренција меѓу репрезентациите на Полска и Русија предвидени за 3 и 6 март ќе бидат одложени.

Исто така одложени ќе бидат и натпреварите меѓу Чешка и Украина од истите квалификации кои требаше да се играат на 4 и 5 март.

Баражот за СП во машка конкуренција закажан за 16 и 20 март меѓу Финска и Украина ќе биде одигран на еден терен. Овие две селекции своите натпревари ќе ги одиграат во Финска.

Тимовите од овие земји кои играат во европските купови ќе треба своите дуели како домаќини да ги играат на неутрален терен.

ЕХФ останува на ставот дека најдобрата опција е натпреварите да се решаваат на терен, но и покрај тоа се продолжува со внимателно следење на развојот на ситуацијата и во зависност од развојот на ситуацијата ќе се знае и како ќе се одвиваат настаните.