ЕХФ и Германците решија: Минхен е шестиот град-домаќин на ЕП 2024

Европската ракометна федерација и Германската федерација објавија дека шестиот град домаќин на Европското првенство во 2024 ќе биде Минхен.

Иако имаше дилеми околу „Олимпија Спорт Хале“, сепак оваа сала со капацитет од 12.000 гледачи, ќе биде домаќин на две групи од прелиминарната рунда.

ЕХФ и домаќинот веќе распределија шест репрезентации по групи. Германија ќе игра во Берлин (освен првиот меч во Диселдорф), Норвешка исто така во Берлин.

Манхајм ќе биде домаќин на Хрватска и Шведска, додека Минхен ќе ги пречека Исланд и Данска. Сепак освен домаќинот Германија, сите останати пет селекции допрва ќе треба да ги потврдат своите места на континенталниот собир.

Главната рунда ќе се игра во Келн и Хамбург, додека завршниот викенд ќе биде во „Ланксес Арена“ во Келн.