ЕХФ елиминира еден тим од Лигата на Европа!

Европската ракометна федерација го елиминира шпанскиот тим Бенидорм од Лигата на Европа и мму овозможи на ривалот – асвтрискиот Фиверс да игра во групната фаза!

Шпанскиот тим славеше на првата средба со 34-31 на првата средба, но потоа се појавија шест случаи на коронавирус и цела екипа замина во карантин.

Бенидорм беше подготвен да патува во Австрија на реванш средбата со оние играчи што се негативни и што можат да играат, но шпанските здравствени власти им наложиле да бидат десет дена во карантин и добиле забрана за излегување од државата.

Со оглед на тоа што ждрепката за групите треба да се одржи в четврток на 1 октомври, а натпреварите од групите почнуваат за две седмици, ЕХФ реши да не чека и го елиминира шпанскиот тим од натпреварувањето.