ЕХФ дели казни – Француската федерација треба да плати 8.000 евра!

Поради некомплетен трансфер на ракометарот, Одри Тузулона, ракометниот суд на ЕХФ покрена дисциплинска постапка против ракометната федерација на Франција.

Федерацијата на Франција ќе мора да плати казна од 3000 евра за некомплетниот трансфер на Тузулона. Исто така, федерацијата ќе плати и 5000 евра за незаконско издавање на дозвола за играње на споменатиот ракометар.

Одри Тузулана нема право да учествува на било кое натпреварување. Репрезентативецот на Конго ќе мора да чека издавање на меѓународен сертификат за трансфер, па потоа да се врати на терените.

Ракометниот суд на ЕХФ истакна дека ракометната федерација на Франција била санкционирана во минатото за слични прекршоци, а овој случај беше четврти во последните пет години и мораше да се дејствува.