ЕХФ го откажа завршниот турнир во женската Лига на шампиони!

Извршниот Комитет на Европската Ракометна Федерација на денешниот состанок донесе одлука да го откаже завршниот турнир во Лигата на шампионите во женска конкуренција.

Тој требаше да се одржи од 3 до 6 септември во „Ласло Пап Арена“ во Будимпешта, но поради ширењето на коронавирусот е веќе откажан.

Таму требаше да играат осум екипи што обезбедија место во четвртфиналето, но од тоа нема да има ништо.

Завршниот турнир во машка конкуренција засега останува да се игра на 28 и 29 декември во Келн.