ЕХФ го казни тренерот на Спортинг со 3.000 евра!

Ракометниот Суд на Европската ракометна федерација (ЕХФ) денес соопшти дека донесол одлука во врска со отворената дисциплинска постапка против екипите на Спортинг и Магдебург.

Двете екипите во изминатата сезона се судрија во осминафиналето во Лига на Европа, а на реваншот, кој беше одигран во Магдебург на 5 април, на крајот од натпреварот беше спречен голем инцидент, откако двете екипи влегоа во вербална расправија.

Судот на ЕХФ заклучил дека тренерот на Спортинг, Карлос Камоес по натпреварот се однесувал недолично покажувајќи агресивно однесување кон стручните лица и играчи на домашниот состав.

Поради тоа, на тренерот на Спортинг му е изречена казна од 3.000 евра. Судот на европската ракометна куќа утврдил дека нема докази за несоодветно или неспортско однесување на помошниот тренер на Магдебург, Ив Графенхорст.

Спортинг и Магдебург како клубови немаат санкции. Карлос Камоес може да поднесе жалба до Арбитражниот Суд на ЕХФ во рок од седум дена.

Спречен инцидент во Магдебург – славјето можеше да се претвори во голема тепачка (ВИДЕО)