ЕХФ ги објави кандидатите: Дибиров и Остроушко во трка за место во Ол Стар тимот на Лигата на шампионите

Откако минатата недела Европската ракометна федерација ги објави номинираните ракометарки за Ол Стар тимот во женската Лига на шампиони, денеска беа објавени и номинациите за машката ЛШ.

Од македонските претставници во елитната конкуренција, место меѓу номинираните добија само двајца, иако требаше да има место најмалку за уште еден.

Тимур Дибиров од Вардар, ќе има конкуренција во трката за најдобро лево крило во Уго Деска од Монпелје, Мануел Штрлек од Веспрем, Диого Бранкињо од Порто и Себастијан Бартолд од Алборг.

Владисла Остроушко, кој веќе си замина од Еурофарм Пелистер, ќе биде во трка за најдобар лев бек заедно со Сандер Сагосен од ПСЖ, Анте Кудуз од Динамо Букурешт, Лукас Нилсон од Кил и Расмус Лауге од Веспрем.

Можеби требаше да има номинација меѓу средните бекови и за Сташ Скубе, но од ЕХФ се решија за други ракометари. Гласањето ќе почне утре, а сите номинации може да ги погледнете ТУКА.