ЕХФ ги делегираше Македонките: Карбеска и Илиева ќе делат правда во Лигата на шампионите

По репрезентативната пауза, на сцена се враќаат клупските натпреварувања во женска конкуренција.

Најдобрите женски клубови викендов ќе ги играат натпреварите од четвртото коло во Лигата на шампионите.

На мечот од групата Б, меѓу романската Валчеа и хрватската Подравка што ќе се игра од 16:00 часот на 11 октомври, главни на теренот ќе бидат македонски арбитри.

Станува збор за Силвана Карбеска и Марија Илиева, a делегат на оваа средба ќе биде Констандин Дин од Романија.

Ова им е прво делегирање за Карбеска и Илиева оваа сезона на натпревари во европските купови.