Еуро2020: Денеска битките за бронза и за 5. место

Селекциите на Шпанија и Хрватска добија ден плус за одмор за разлика од репрезентациите кои ќе се борат за бронзениот медал кои мораат денеска да играат.

Според програмата за денеска се најавени два натпревари во кои ќе се соочат селекциите кои се во битка за 3. и за 5. место.

Први на терен денеска ќе бидат составите на Португалија и Германија. Тие се во трка за 5. позиција, но тука нема дилеми во однос на квалификациите за Олимписки игри. И двете селекции имаат место во нив така што ова ќе биде дуел за престиж.

Затоа, на вториот натпревар денеска ќе биде многу поинтересно бидејќи тогаш следува двобој за бронзениот медал. Составите на Норвешка и Словенија кои играа заедно и во втората фаза. Сепак, тој дуел ќе нема многу заедничко со денешниот бидејќи составите кои тогаш настапија и оние кои ќе бидат денеска ќе се разликуваат со оглед на тоа што денеска двете репрезентации ќе истрчаат со најдобрите тимови.

ЗАВРШНИЦА НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО

РАСПОРЕД И РЕЗУЛТАТИ

ПОЛУФИНАЛЕ

НОРВЕШКА – ХРВАТСКА             28:29 прод. (24:24, 26:26)

Сагосен 10, Јоханесен 4, Танген 4 – Дувњак 8, Мариќ 6, Хорват 4

ШПАНИЈА – СЛОВЕНИЈА            34:32

Фернандез 6, Ентрериос 6, А. Душебаев 6 – Доленец 7, Јанц 6, Благотиншек 5

САБОТА, 25 ЈАНУАРИ

МЕЧ ЗА 5. МЕСТО

16:00ч

ГЕРМАНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА

МЕЧ ЗА 3. МЕСТО

18:30ч

НОРВЕШКА – СЛОВЕНИЈА

НЕДЕЛА, 26 ЈАНУАРИ

ФИНАЛЕ

16:30ч

ШПАНИЈА – ХРВАТСКА