Еурофарм ќе биде претставен од десет „фармацевти“ на ЕП!

Вчера беа објавени списоците од по 28 ракометари на сите репрезентации кои ќе учествуваат на Европското првенство во јануари следната година.

Меѓу оние клубови кои ќе имаат најмногу свои претставници на континенталниот собир се двата македонски – Вардар со 13 ракометари и Еурофарм Работник со 10.

Од македонскиот вицепрвак и учесник во Лигата на шампионите оваа сезона, четворица ракометари ќе играа за Македонија, по двајца за Босна и Херцеговина и Украина, а по еден за Црна Гора и Србија.

„Фармацевти“ на ЕП:

Македонија (Маџовски, Митревски, Велковски, Маркоски)
Украина (Остроушко, Шевелев)
Црна Гора (Радовиќ)
Србија (Ѓукиќ)
Босна и Херцеговина (Граџан, Вегар)