Еурофарм Пелистер 2 продолжи во ист стил, убедливо го совлада Скопје

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 сосема очекувано дојдоа до триумф на првиот натпревар од пролетниот дел на сезоната со 37:26 против составот на Скопје 2020. Младите битолчани немаа никакви проблеми за да дојдат до оваа победа бидејќи постојано беа во предност и во ниту еден момент немаа причини да стравуваат за бодовите.

Од почетокот на средбата домашните наметнаа свој ритам и беа во предност. Имаа водство кое го одржуваа и кое можеа да го контролираа. Еурофарм Пелистер имаше резултат со кој можеше мирно да оди кон победа, а предноста од шест гола на одмор, 18:12 им даде целосна контрола.

Играта беше препознатлива за Еурофарм Пелистер 2 бидејќи она што го красеше тимот во есенскиот дел продолжи и во пролетниот така што овој состав ќе има што да покаже и во плеј-оф лигата.

Шестте гола од полувремето беа зголемени во продолжението. Рано стана јасно кој доаѓа до победа, а денеска поголем број на ракометари се запишаа меѓу стрелците. Јовиќ имаше можност да им даде шанса на повеќето од играчите што беше секако одличен момент за да почувствуваат од атмосферата.

Оваа победа го позиционира Еурофарм Пелистер 2 поблизу до плеј-оф, но треба да се одиграат уште пет кола и да се комплетираат.

2 февруари 2022
37 - 26
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
2 февруари 2022 18:27 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2021/2022 02.02.2022 60'

Место

Спортска сала „Боро Чурлевски“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21837Победа
СКОПЈЕ 20201226Пораз

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2

# Играч Позиција Исклучување Голови
3Цветан Кузманоскилево крило04
7Андре Буторацдесен бек06
8Павле Атанасијевиќцентрален бек14
9Васко Димитровскипивот00
10Христијан Митревскидесен бек25
12Христијан Јовановскиголман00
13Павле Петровиќдесен бек03
16Благојче Трајкоскиголман00
21Димитар Димитриоскицентрален бек01
23Стефан Талевскицентрален бек02
33Петар Атанасијевиќлево крило03
34Мартин Табаковски-11
44Ненад Белистојановски-00
66Милан Ѓукиќдесно крило03
88Димитриј Блажевскидесен бек01
99Филип Арсеновскипивот04
 Вкупно 437

СКОПЈЕ 2020

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Давид Стојкоскиголман00
2Филип Василевскипивот14
4Марио Мишевскилево крило03
5Бојан Чакалиќцентрален бек12
7Андреј ТркалевскиСреден бек00
9Александар Василевскилев бек24
16Матеј Петковскиголман00
18Кирил Пешкирскилево крило05
19Велимир ГрујовскиСреден бек02
20Лука Благопетровдесно крило01
22Андреј Пешевскицентрален бек12
23Благој Димчевскипивот00
24Стефан Стојановскилев бек00
25Леонид Киселовскилев бек03
26Бране Трифуновскиголман00
77Симон Калајџиескилево крило00
 Вкупно 526

Officials

Судии:Делегат:
АНГЕЛЕСКИ ГОРАН
СЕДЛОСКИ РУБИНЧО
ЦВЕТКОСКИ ИЛИЈА

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515