Еурофарм Пелистер 2 од Маврово ќе фаќа залет за Европа, предивдени контроли со Охрид и Вучитрн

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 денеска заминаа на подготовки во Маврово, каде ќе останат во следните седум дена.

Тренерот Александар Јовиќ ќе има можност да постави база за долгата сезона, во која тимот ќе има и домашни и меѓународни предизвици.

Покрај настапите на домашна сцена во Суперлигата и во Купот на Македонија, младите битолчани ќе бидат дел и од Лигата на Европа каде ќе се соочат со австриската екипа Алпла Хард.

На подготовките Еурофарм Пелистер 2 ќе одигра два контролни натпревари против Охрид и еден против косовскиот тим Вучитрн.

Еурофарм Пелистер 2, сезона 2022/23:

Голмани:
Мартин Јовановски
Василије Пичурица

Леви крила:
Иван Димитровски
Петар Атанасијевиќ
Андреј Марковски

Леви бекови:
Кристијан Митревски
Христијан Ристевски

Средни бекови:
Мартин Ивановски
Стефан Талевски
Филип Гуцевски
Мартин Табакоски

Десни бекови:
Андре Буторац
Симон Мирчевски

Десни крила:
Ненад Белистојаноски
Никола Стоилевски
Димитриј Блажевски

Кружни напаѓачи:
Филип Арсеновски
Васко Мартиновски
Трајче Мицевски
Антонио Николовски