Еурофарм Пелистер 2 ги промовираше Емилијан Ѓорговски и Димитар Димитриоски

Еурофарм Пелистер 2 официјално ги претстави своите две последни засилувања. Нови членови на најмладиот суперлигаш се Емилијан Ѓоргоски и Димитар Димитриоски.

19-годишниот Ѓоргоски доаѓа од Голден Арт и се обрврза на договор на три сезони. Минатата сезона играше во Суперлигата за првпат во кариерата, а ја искуси и репрезентацијата.

Димитар Димитриоски доаѓа од Вардар и потпиша договор на една сезона. Тој зад себе има настапи и во евро куповите и на големите натпреварувања во дресот со државниот грб.

Двајцата ќе дебитираат за новиот клуб против Еурофарм Пелистер во првото коло од новата Суперлига, в четврток во 17:00 часот.