Еурофарм Пелистер ќе го „глуми“ Ѓенѓеш, Вардар на поправен против Металург

Битолски Еурофарм Пелистер по триумфот над Вардар, денеска ќе одигра уште еден натпревар во Скопје против екипата на Бутел Скопје.

Бутелци се подготвуваат за дуелите од првото квалфикациско коло од Лигата на Европа против унгарскиот Ѓенѓеш, а последната проверка ќе ја имаат со битолчани.

Натпреварот се игра во СЦ „Борис Трајковски“, а ќе започне од 18:30 часот.

Во СЦ „Јане Сандански“, ракометарите на Вардар ќе се потрудат да ја поправат сликата за тимот на дуелот со Металург, кој ќе започне од 17:30 часот.

Во текот на денешниот ден, новиот суперлигаш КЛ7 ќе го игра првиот пријателски натпревар против Еурофарм Пелистер 2, а ќе се игра од 18:30 часот во Охрид.

Охрид пак ќе има тест против новиот суперлигаш Тиквеш во СРЦ „Билјанини Извори“ од 18:00 часот.