Еурофарм Пелистер стартува од вториот шешир во Лигата на Европа

Позиционирањето на Македонија на 6. место во Лигата на Европа и донесе на екипата на Еурофарм Пелистер висок рејтинг во ова натпреварување, а воедно и можност да се прескокнат двете квалификациски кола.

Ова значи дека Еурофарм Пелистер во ждрепката за Лигата на Европа ќе влезе од вториот шешир, а сигурно нема да игра против Савехоф (Шведска), Винтертур (Швајцарија) и Чеховски медведи (Русија). Овие три екипи се во истиот шешир со Еурофарм Пелистер така што тие не се во комбинација за ривали.

Затоа, пак, во Битола во својата последна играчка сезона би можел да пристигне Кирил Лазаров со тимот на Нант. Овој тим е рангиран на 2. место и е во првиот шешир, па едно е сигурно дека на крајот од септември ждрепката ќе биде доста интересна.

Групната фаза стартува на средината на октомври, па дотогаш оние 12 тимови кои ги скокаат двете квалификациски кола имаат време за подготовка. Ждрепката е на 30 септември.

ДИРЕКТНО ВО ГРУПНАТА ФАЗА ОД ЛИГАТА НА ЕВРОПА

ШЕШИР 1: Магдебург (Германија), Нант (Франција), Бидасоа Ирун (Шпанија), Татабања (Унгарија)

ШЕШИР 2: Савехоф (Шведска), Еурофарм Пелистер (Македонија), Фади Винтертур (Швајцарија), Чеховски медведи (Русија).

ШЕШИР 3: Горење (Словенија), Аек (Грција), Татран Прешов (Словачка), Кокс (Финска).

Сите сакаат во Европа – ќе играат дури 254 клубови!