Еурофарм Пелистер се загреа за Спортинг, за едно полувреме го реши „помалиот“ брат

Тимот на Еурофарм Пелистер имаше успешен тест пред гостувањето кај португалскиот Спортинг Лисабон во Лигата на Европа. Избраниците на Жељко Бабиќ без поголеми проблеми славеа во братскиот дуел над Еурофарм Пелистер 2 со 20-38.

Неизвесност имаше само во првите десетина минути кога беше 4-6 водеше првиот тим на битолчани. Потоа серија на брз голови преку Велковски и Костески и веќе беше 4-11, па стана јасно во каков правец ќе се движи овој натпревар.

Намалија избраниците на Александар Јовиќ на 9-14 во продолжение од мечот, но до крајот на полувреме примија уште четири гола, а не дадоа ниту еден, па Еурофарм Пелистер имаше безбедни плус девет, 9-18, на паузата.

Второто полувреме беше само формалност, па шанса за настап добија сите ракометари што им беа на располагање на двата тренери. Резултатски немаше големи промени и мечот заврши со убедлива победа на Еурофарм Пелистер oд 18 погодоци разлика.

Најдобар стрелец во Еурофарм Пелистер беше Ненад Костески со десет погодоци, додека кај Еурофарм Пелистер 2, Емилијан Ѓорговски даде четири гола.

27 ноември 2021
20 - 38
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
27 ноември 2021 19:35 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2021/2022 27.11.2021 60'

Место

Спортска сала „Боро Чурлевски“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2920Пораз
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1838Победа

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2

# Играч Позиција Исклучување Голови
5Игор Петковски-00
7Андре Буторацдесен бек02
8Павле Атанасијевиќцентрален бек13
11Симон Мирчевски-00
12Христијан Јовановскиголман00
16Благојче Трајкоскиголман00
19Стефан Андонов-00
21Димитар Димитриоскицентрален бек02
22Иван Димитровскилево крило01
23Стефан Талевскицентрален бек02
24Никола Стоилевскидесно крило10
33Петар Атанасијевиќлево крило02
34Емилијан Ѓорговскилев бек05
44Ненад Белистојановски-13
88Димитриј Блажевскидесен бек00
99Филип Арсеновскипивот00
 Вкупно 320

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Матео Марашдесен бек00
3Гоце Ојлескилево крило03
4Никола Маркоскипивот00
6Бојан Маџовскилево крило13
7Дејан Кукуловскилев бек11
9Стипе Мандалиниќлев бек03
12Мартон Секељголман00
14Марио Танкоскицентрален бек01
18Јосип Периќцентрален бек12
19Ненад Костескидесно крило010
24Милорад Кукоскилев бек00
30Мартин Велковскидесен бек04
59Елмир Граџанпивот04
74Немања Обрадовиќцентрален бек15
97Рение Табоадацентрален бек02
98Марко Кизиќголман00
 Вкупно 438

Officials

Судии:Делегат:
АНГЕЛЕСКИ ГОРАН
СЕДЛОСКИ РУБИНЧО
ЦВЕТКОСКИ ИЛИЈА
ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515