Еурофарм Пелистер полека се комплетира – се приклучи и Гедбан (ФОТО)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ги одработуваат последните денови од подготовките во Маврово.

Од денеска на тренинзите се приклучи и послендото засилување – чуварот на мрежата Калифа Гедбан.

Некогашниот голман на Вардар одново ќе брани заедно со Марко Кизиќ, а триото го дополнува Словенецот Урбан Лесјак.

Ова трио голмани треба да е гаранција за Еурофарм Пелистер да не се грижи за одбраната.

Битолчани по враќањето во Битола ќе одиграат контролни натпревари со вториот тим и со Охрид, а потоа ќе настапат на турнирите во Добој и Охрид.