Еурофарм Пелистер од денеска во Маврово, ќе фаќа залет за СЕХА и Лигата на Европа

Ракометарите на Еурофарм Пелистер од денеска ќе бидат на мини подготовки во Маврово пред стартот на меѓународните настапи.

Со оглед на тоа што битолчани не играат во првиот дел од Суперлигата, овој период немаат официјални натпревари, па го чекаат стартот на СЕХА лигата и на Лигата на Европа.

Тие одиграа многу пријателски средби, а беа дел и од Струшкиот турнир, како и од турнирот во Атина.

Повредите кај дел од ракометарите што го добија во Атина, полека се санираат и битолчани во полн ростер ќе го дочекаат официјалниот старт на сезоната за десетина дена.

Не се познати деталите за СЕХА лигата, па битолчани се уште не ги знаат ривалите и распоредот во оваа конкуренција, додека за Лигата на Европа противниците во групите ќе ги дознаат на 1 октомври, откако ќе бидат одиграни реванш средбите од второто коло.