Еурофарм Пелистер комплетен за Данска, тестовите за Ковид 19 се негативни

Екипата на Еурофарм Пелистер во вторник ќе го има првиот натпревар од Лигата на Европа, а тој натпревар е од 2. коло против составот на ГОГ од Данска.

Пред патот за Данска сите ракометари и членови на стручниот штаб имаа тестирање за Ковид 19 и веќе се добиени резултати.

Сите се негативни и сите играчи се подготвени за настап. Нема никаков проблем, па тренерот Жељко Бабиќ на располагање ќе ги има сите ракометари.

После долга пауза ова ќе биде конечно прв официјален натпревар за ракометарите на Еурофарм Пелистер така што ќе можат во најсилен состав да се најдат на терен и да се борат за бодови во Лигата на Европа.