Еурофарм Пелистер враќа дома битолска ракометна легенда

Клубот од Битола, од сезона во сезона расте на сите полиња, пополнувајќи ги сите места со луѓе кои можат да донесат нов квалитет. Од есенва Еурофарм Пелистер ќе игра пак во групната фаза од лигата на шампионите, и тоа се нови предизвици за сите во клубот.

Актуелниот првак на Македонија, Еурофарм Пелистер сериозно работи на засилувања, и не само во играчкиот кадар туку и во управата и раководните структури. По серијата играчи со кои се спојува мозаикот за настап во Лигата на шампионите, напоредно се работи и на освежување и засилување и со тренерски кадар. Битолчани полека ги враќаат некои од своите сограѓани кои имаат големо искуство зад себе.

Поранешниот репрезентативец на Македонија и легенда на битолскиот ракомет, Бранислав Ангеловски е многу блиску до камбек во Еурофарм Пелистер. Како што дознава 24ракомет, речиси е договорена соработката меѓу клубот и Ангеловски и наскоро ќе биде обелоденето на која позиција во клубот ќе биде поранешниот репрезентаивец.

Клубот од Битола, од сезона во сезона расте на сите полиња, пополнувајќи ги сите места со луѓе кои можат да донесат нов квалитет. Од есенва Еурофарм Пелистер ќе игра пак во групната фаза од лигата на шампионите, и тоа се нови предизвици за сите во клубот.

Со меѓународното искуство што го има зад себе као играч, а потоа и како спортски директор во повеќекратниот романски првак Констанца, сега Ангеловски тоа искуство ќе го сподели и со своите сограѓани. Повторно се спојува со Звонко Шундовски со кого заедно работеше и во Констанца кога Романците играа во ЛШ. Сега Шундовски е тим менаџер, и заедно со Александар Јовиќ на клупата ја кројат тактиката во играта.

Беше дел и од шампионскиот тим во 2005 година кога Пелистер последен пат беше првак на Македонија, се до мај годинава кога по 18 години пехарот повторно се врати во Битола.

Ангеловски во играчката кариера покрај за Еурофарм Пелистер, беше дел од Металург и Вардар. Голема трага остави и во романскиот ракомет каде што го носеше дресот на Констанца, а беше во улога и на спортски директор во овој клуб. Играше и во Загреб и Винтертур во Швајцарија, и Тулуз во Франција, но и на Блискиот Исток. Годинава со тимот на Мулти Есенс експресно се пласираше во Супер лигата.

Како репрезентативец на Македонија беше дел од тимо тшто го постигна најголемиот успех, 5. место на ЕП 2012 година во Србија. Играше и на СП 2013 и ЕП 2014 година. Беше еден од најмладите репрезентаивци што беа на СП 1999 година во Египет.

Пелистерци ќе имаат голем предизвик во одбраната на шампионската титула во Македонија, додека во Лигата на шампионите ќе играат против Кил, Келце, Алборг, ПСЖ, ПИК Сегед, Загреб и Колстад.