Еурофарм Пелистер во победнички ритам, има плус четири на одмор против Татран

Екипата на Еурофарм Пелистер одработе добро прво полувреме против Татран Прешов и има водство од 11:7 со што полека но сигурно е јасно дека на овој дуел гостите од Словачка нема што да бараат.

Практично гостите имаа подобра игра 17 минути и успеаја да стигнат до водство од 5:3. Овие два позитива беа само инспирација за битолчани кои тргнаа силно и успеаја да наметнат свој ритам со кој лесно го рушеа ривалот.

Го затворија приодот кон голот, а Хендави успеа да го големи бројот на одбрани. Во 27. минута имаше осум одбрани, а немаше примено гол. Мечот беше целосно свртен во корист на Еурофарм Пелистер и на три минути пред заминување на одмор тимот од Битола имаше водство од 9:5.

До крајот на првиот дел имаше уште под два гола, па на одмор се замина со 11:7 во корист на Еурофарм Пелистер. Најефикасни во домашниот состав со по два гола се Периќ и Мараш, додека седуммина имаат по еден гол. Пачеко со три гола е најефикасен на средбата.