Естонската Полва Сервити е шампион во Балтичката лига

Викендов се одржа завршниот турнир во Балтичката лига, на кое беше крунисан новиот шампион, а тоа беше естонската екипа Полва Сервити.

На домашен терен, Полва во финалето го совлада уште еден естонски тим Вилјанди Талин со 27-24, откако на полувремето водеше со 15-11.

Овие две екипи претходно во полуфиналните средби ги елиминираа литванската Свиеса и летонсиот Тенакс Добеле.

Полва Сервити последен пат ја освои титулата во Балтичката лига во далечната 2010 година.

Во меѓувреме во оваа регионална конкуренција играа екипи и од Финска и Белорусија, а сега само од Литванија, Летонија и Естонија.