ЕП 2022: Шпанците одат на хет-трик, но со нови сили

Селекторот на Шпанија, Жорди Рибера на ова првенство има изменет тим во кој недостигаат неколку од ракометарите кои имаат директно учество во освојувањето на титулите во 2018 и 2020 година.

Во тимот повеќе го нема Раул Ентрериос кој се пензионираше, а на ова првенство ги нема и браќата Душебаеви. Сепак, ова е процесот во кој ги менува силите во тимот бидејќи им дава шанса на помлади ракометари на кои ќе може да се смета во следната деценија.

Шпанија не е така силна како пред две години, но поради многуте позитивни случаи на Ковид 19 кај голем дел од тимовите може да се очекува и на ова првенство да се дојде до успех и да се обезбеди висок пласман. Групата со Шведска, Чешка и БиХ дава надежи за висок пласман.

Екипата ги има искусните Перез де Варгас, Коралес, Македа, Канељас, Гурбиндо… играчи кои може да направат разлика на теренот, а младите дебитанти ќе треба да се надоврзат и да им помогнат.

Имаат крила кои се многу брзи и кои може да бидат неверојатни реализатори што е најава за интересно првенство.

ИГРАЧ ВО ФОКУСОТ – ПЕРЕЗ ДЕ ВАРГАС

Голманот на Барселона е еден од играчите кои се најдолго во тимот и е моторот на сето она што се случува во одбраната. Кога тој е расположен секогаш е потешко да се игра и ќе им биде проблем на сите да ги надиграат Шпанците доколку тој биде на потребното ниво.

Како што се движат работите за очекување е од него да зависат многу работи, а тој веќе има докажано дека може да игра одлични натпревари.

ИНТЕРЕСНО

Жорди Рибера е селектор кој може да се впише во историјата како втор кој со својата селекција стигнал до хет-трик после Бент Јохансен кој во 1998, 2000 и 2022 година ја водеше Шведска до три титули во серија.

Никој друг не успеал да направи ваков резултат, па сега може да се очекува Шпанците да го повторат ова односно да се обидат да стигнат до сличен резултат доколку оди сè според планот на овој турнир иако ќе биде навистина тешко.

УЧЕСТВА НА ЕП

Заедно со Франција и Хрватска, Шпанија е третата селекција која има играно на сите досегашни Европски првенства. Има 14 учества и сега го бележи 15. настап.

Досега најдобрите резултати ги има во 2018 и 2020 година кога го освои првото место. Има и две трети места во 2000 и 2014 година, додека во 2012 година ја освои 4. позиција.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ – ГРУПА Е

13 ЈАНУАРИ – 18:00ч

ШПАНИЈА – ЧЕШКА

15 ЈАНУАРИ – 20:30ч

ШПАНИЈА – ШВЕДСКА

17 ЈАНУАРИ – 18:00ч

БИХ – ШПАНИЈА