ЕП 2022: Само медал ја вади Данска за киксот од пред две години

Пред две години Данците го имаа најлошиот настап на Европските првенства откако испаднаа во првата рунда, а година претходно и година потоа дојдоа дотитулите на Мундијалите.

Најлошиот резултат кој го имаат забележано Данците досега е запишан пред две години, ако не се смета необезбедувањето на пласман во 1998 година. Сепак, Данска има доволно квалитетни ракометари за да може во секое време да состави не само еден туку два, па и три квалитетни состави и да се бори за трофејот.

На ова Европско првенство доаѓа како еден од главните кандидати за освојување на првото место така што е јасно дека секој од ривалите ќе има сериозни проблеми со нив.

Генерцијата која беше предводена од Ларс Кристијансен и Каспер Хвидт имаше многу потешкотии за да стигнат до трофејот бидејќи трипати беа третопласирани пред во 2008 година да дојдат до трофејот. Сегашната генерација има свои нови адути, па може да се очекува одново да бидат конкурентни за првото место.

ИГРАЧ ВО ФОКУСОТ – МАТИЈАС ГИДСЕЛ

Се чини дека само небото  граница за 22-годишниот ракометар, кој имаше одлични партии на Мундијалот минатиот јануари во Египет.

Играчот на ГОГ кој треба да му се приклучи на Фуксе Берлин следната сезона имаше многу добар настап и на Олимписките игри во Токио така што само ја крева формата. Со оглед на тоа пто брзо учи се очеува на ова Европско првенство да биде меѓу водечките ракометари.

ИНТЕРЕСНО

Микел Хансен е најдобриот стрелец во историјата на Данска откако успеа да го помине Ларс Кристијансен во 2018 година. Бројот на погодоците на Хансен на Европските првенства изнесува 213 гола, па му недостигаат уште 65 погодоци а да го симне од врвот пензионираниот Исланѓанец Гудјон Валур Сигурдсон. Секако доколку во меѓувреме, Никола Карабатиќ не го помине Сигурдсон бидејќи веќе има 264 погодоци.

УЧЕСТВА НА ЕП

Ова ќе биде настап број 14 за селекцијата на Данска на Европските првенства.

Данците имаат две титули во 2008 и 2012 година, еднаш биле втори (2014), трипати трети (2002, 2004 и 2006) и двапати завршувале на 4. место (1994, 2018).

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ – ГРУПА Ф

13 ЈАНУАРИ – 20:30ч

ДАНСКА – ЦРНА ГОРА

15 ЈАНУАРИ – 20:30ч

ДАНСКА – СЛОВЕНИЈА

17 ЈАНУАРИ – 20:30ч

МАКЕДОНИЈА – ДАНСКА