ЕП 2022: Лазаров со Македонија за историја, прв селектор-играч на ЕП

Македонија има силна ракометна традиција, целата земја максимално го сака овој спорт. На ова првенство нашите момци по шесттипат по ред ќе бидат дел од најдобрите селекции од Европа. Кирил Лазаров ужува во статусот на легенда и ќе биде првиот играч кој во исто врчее е и селектор на едно вакво натпреварување.

Иако Македонија имаше слаби перформанси на Светското првенство во 2021 година, каде што заврши на 23. место без победа, Македонија сè уште има доверба дека може да има успешно ЕП. Со Лазаров, Стојанче Стоилов, Миркуловски…може да бидат тврд орев.

Лазаров има јасна визија за својот тим и за стилот на игра. На младите играчи ќе им се даде шанса да се докажат, но Македонија може да смета на искусни играчи во клучните моменти. Оваа комбинација може да се покаже корисна, бидејќи Македонија сака да го остави зад себе разочарувањето од 2020, кога за првпат на едно ЕП не успеа да помине во следна рунда.

Подмладениот тим ќе има тешка задача во Дебрецен да се пласира во главната рунда против фаворитот за медал Данска, самоуверената Словенија и Црна Гора. Сепак, Лазаров сигурно ќе им даде можност на своите млади играчи да покажат колку можат.

ИГРАЧ ВО ФОКУСОТ – КИРЕ ЛАЗАРОВ

Еден од долгогодишните водечки играчи во светот и најуспешен ракометар на Македонија на сите времиња долго време е лидер на теренот. Со 42 години кои ќе ги наполни во мај, Лазаров останува на врвот на својата игра и е способен да постигнува голови со моќни удари. Но, на ова ЕП тој ќе биде во центарот на вниманието поради неговите тренерски способности. Во квалификациите докажа дека тоа не недостасува, но предизвик ќе му биде да го води својот тим на теренот и на страна.

ИНТЕРЕСНО

Македонија има играно со Словенија и Црна Гора во групна фаза на ЕП. На ЕП 2018, трите земји се сретнаа во групата Ц заедно со Германија. Македонија заврши на првото место во групата со две победи и едно реми. Во меѓувреме, тие завршија на второто место зад Данска во групата А на ЕП 2014 година, а играа и во главната рунда на ЕП 2018.

ПРЕТХОДНИ УЧЕСТВА

Ова е 6. учество по ред на ЕП и вкупно седмо за Македонија. На 34 меча имаат 8 победи, 6 нерешени и 20 порази. Најдобриот успех на Македонија на сите времиња беше 5. место на ЕП 2012. На ЕП 2020 заврши на 15. позиција, откако двапати заврши на 11. место, како и еднаш 10-тото во 2014 година.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ – ГРУПА А

13 ЈАНУАРИ – 18:00ч

МАКЕДОНИЈА – СЛОВЕНИЈА

15 ЈАНУАРИ – 18:00ч

МАКЕДОНИЈА – ЦРНА ГОРА

17 ЈАНУАРИ – 20:30ч

МАКЕДОНИЈА – ДАНСКА