ЕП 2020: Почнаа проблемите – одложен натпреварот меѓу Србија и Холандија!

Европската ракометна федерација соопшти дека натпреварот од првото коло од групата Ц меѓу селекциите на Србија и Холандија е одложен.

Причината е позитивен тест на една од српските ракометарки на првото тестирање во аеродромската зграда во Билунд по слетувањето во Данска.

По хигиенските протоколи на ЕХФ, ракометарката е изолирана во карантин, а останатите членови на српската селекција кои беа негативни остануваат во своите хотелски соби.

Второто тестирање е направено утринава, а ќе има уште едно во текот на утрешниот ден.

Доколку се биде во ред, натпреварот ќе се одигра во текот на утрешниот ден од 20:30 часот.