Емотивна ноќ во „Блауграна“ – дресот на легендарниот Томас повлечен од употреба! (ВИДЕО)

По дерби дуелот меѓу европскиот првак Барселона и Кил, навивачите останаа уште долго во „Блауграна“.

Легендарниот Виктор Томас официјално замина во играчка пензија и се прости од симпатизерите на каталонскиот гигант.

Дресот со број 8, Томас го облече за последен пат и никој повеќе нема да го носи. Покрај осумката на Томас, досега повлечени од употреба дресовите на легендарните Оскар Грау (2), Хавиер О’Калахан (4), Енрик Масип (5), Ињаки Урдангарин (7), Жоан Сагалес (14) и Давид Баруфет (16).

Во „Блауграна“ беа присутни целото негово семејство, многу поранешни соиграчи меѓу кои Ласло Наѓ, Јеспер Нодесбо, Данијел Шариќ и уште многу други…

Томас поради здравствени проблеми мораше да ја заврши кариерата во 2020 година, а зад неговото име ќе останат запишани три титули во Лигата на шампионите, пет во Супер Глоуб, 12 титули во Асобал лига, 11 во Купот на Кралот, 10 во Асобал Купот и уште 28 трофеи во други натпреварувања со каталонскиот гигант.