Екс српски репрезентативец реши да вложи во бизнис – отвори приватна детска градинка

Поранешниот српски интернационалец Ненад Вучковиќ, кој голем дел од кариерата го помина во Бундес лигата после завршување на кариерата се одлучи да се занимава со интересен бизнис во својата татковина.

Вучковиќ со својата сопруга Марија во Белград отвори приватна градинка која е именувана токму по ракометарот „Вртиќ Вучко“. Вучко е прекарот на Ненад по кој е познат на ракометната сцена но и надвор од неа.

Сепак главната работа на градинката ја води сопругата Марија, додека Вучковиќ е со децата само на отворениот ден на градинката. Тој е одговорен за финансиите, со што работата е поделена и на тој начин имаат повеќе време за семејството.

Вучковиќ играше во Мелсунген девет години, а кариерата ја заврши во Војводина. Со репрезентацијата на Србија го освои сребрениот медал на Европското првенство во 2012 година и учествуваше на Олимписките игри во Лондон.