Екс-селекторот на Франција една недела на помош во Монпелје

Еден од најдобрите ракометари на сите времиња во Франција и веќе екс-селектор, Дидие Динар доби несекојдневна понуда од неговиот колега од Монпелје, Патрис Канаје.

Тренерот кој е повеќе од две децении на клупата на тимот од најсилната лига на Франција го повика динар да работи со него во текот на следната недела за што е можно подобро да биде подготвен тимот за следната сезона.

Динар нема работа од февруари кога беше отпуштен од позицијата селектор на Франција, па ова би му била можност да се врати во потребниот тренерски ритам и да биде од голема помош за Канаје и Монпелје.